Усвоена украинска резолуција за КРШЕЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА на Крим, Москва го негира решението на ООН

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Третиот комитет на Генералното собрание на ООН вечерва усвои украинска резолуција со која се осудува наводното кршење на човековите права на Крим.

63 земји гласаа за Резолуцијата, 22 беа против, додека претставниците на 85 земји беа воздржани, пренесува ТАСС.

Резолуцијата ја повикува Русија да ги преземе неопходните мерки за „итно запирање на сите активности преземени против населението на Крим“.

Документот ја истакнува наводната дискриминација, произволно приведување и апсење, тортура и друго сурово, нехумано и понижувачко постапување, сексуално и полово насилство, вклучително и оние што имаат за цел да ги убедат притворените да „соработуваат“ со органите на прогонот .

Резолуцијата ја повикува Русија да го почитува правото на слобода на вероисповед.

Слични содржини