Здравствениот систем, со сите сили се обидува да го издржи притисокот од Ковид пандемијата.
Имено, како што е веќе познато, министерот за здравство, Венко Филипче ги ангажираше младите специјализанти во битката со Ковид болните, кои во се поголем број за жал се хоспитализираат ширум клиниките во земјава.
Но, истите се уште работат во Ковид центрите без осигурување и без фиксна плата, како и надоместоци за дежурство.
На ова реагираше и Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ, кои на својот фејсбук профил побараа грижа за здравствените работници, и обвинија дека моменталната состојба наликува на експлоатација и жртвување, на како што велат младите колеги.
Инаку од почетокот на пандемијата, нашата земја брои 50.015 заразени лица, 19.035 активни случаи, 29.583 излечени пациенти, како и 1397 кои ја загубија битката со Коронавирусот.