Пандемијата не стивнува: Гази Баба и Аеродром со највисоки над 1300 заболени

267 прегледи

Во изминатите 24 часа, од направени 3081 тестирања, беа регистрирани новодијагностицирани 1198 случаи на Ковид. Повторно половина од нив во главниот град, додека рекордни 92 случаи во изминатото деноноќие регистрираше Битола. Следуваат Прилеп со 53, Штип со 49, па Куманово со 41.

Во моментов според пресекот по градови, сликата изгледа вака:

• Скопје 22562, активни 9479

• Куманово 3272, активни 924

• Дебар 421, активни 86

• Штип 2296, активни 502

• Прилеп 2378, активни 968

• Тетово 3320, активни 978

• Струга 1179, активни 337

• Велес 1590, активни 754

• Битола 1581, активни 789

• Охрид 1297, активни 564

• Кавадарци 969, активни 412

• Гостивар 1907, активни 628

• Гевгелија 598, активни 208 (37 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 108 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1454, активни 578

• Крива Паланка 366, активни 119

• Радовиш 365, активни 122

• Крушево 88, активни 55

• Кочани 1083, активни 316

• Пробиштип 305, активни 76

• Демир Хисар 157, активни 66

• Македонски Брод 136, активни 28

• Пехчево 95, активни 32

• Берово 306, активни 83

• Валандово 160, активни 52

• Виница 322, активни 160

• Делчево 374, активни 166 (96 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 135, активни 73

• Свети Николе 706, активни 217

• Кичево 1023, активни 426

• Ресен 369, активни 138

• Неготино 399, активни 250 (38 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Од скопските општини, со највисоки бројки остануваат Аеродром со 1382, Гази Баба со 1385, Карпош со 1199. Во останатите општини повеќето се со троцифрен број на заболени, а некаде бројот е и двоцифрен. Со едноцифрен број нема се уште ниту една општина.

Слични содржини