Просечната нето плата во септември беше 27.405 денари

од Vladimir Zorba
692 прегледи

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември оваа година, изнесува 27.405 денари, додека во бруто износ е 40.913 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 7,7%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (10,6%), Преработувачка индустрија (10,2%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (7,1%), Уметност, забава и рекреација (6,4%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,2%).

Слични содржини