702
Српскиот актер, Милош Биковиќ во свој краток коментар за порталот „Балканист“ посочи дека српскиот патријарх, Иринеј ќе го памети засекогаш.
„Го паметам како смирен, благ, мудар човек кој умееше со тактика и извесна блага непоколебливост да зборува за најсложените работи кои на сите нас ни се случуваат. Ја знаеше вредноста на секој збор“, истакна младиот актер.
Српскиот патријарх, Иринеј почина утринава на 96 години како последица на Коронавирусот.