Богдановиќ: Општина Центар не може да ги троши парите од казната која ја плаќа Лимак, се додека Народната банка не ги распредели средствата

од Vladimir Zorba
357 прегледи

„И благодарам на Антоанета Трајковска што ги потсети граѓаните, но и нејзините сопартијци од ВМРО – ДПМНЕ, дека јас како градоначалник на Општина Центар, заедно со администрацијата и советниците, успеавме на правен начин да ги вратиме парите на граѓаните во буџетот на Општина Центар, кои порано завршуваа во туѓи буџети и се трошеа за изградба на споменици, музеи и лична корист“ – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Имено, би сакале да ги информираме граѓаните дека Општина Центар врши наплата на казна по основ на договор за отуѓување на градежно земјиште кон правното лице Лимак Доо Скопје, бидејќи истото задоцнило со испочитување на договорните обврски од договорот за отуѓување на градежно земјиште во предвидениот рок.

Како што се наведува во изјавата од страна на Трајковска, не станува збор за сообраќајница, туку за два објекти, односно деловниот простот и хотелот на компанијата Лимак Доо Скопје. Од страна на Општина Центар, утврдено е дека Министерството за транспорт и врски не извршило наплата на договорните казни за едниот објект – хотел, при што, по преземање на предметите од страна на Општина Центар, општината успева да го наплати долгот во износ од 7.542.900,00 денари

Би сакале да потенцираме дека наплата на договорот на казна се однесува на период кога Министерството за транспорт и врски, требало и било должно да наплати, но тоа не го сторило. Што се однесува до трошењето на тие средства, Општина Центар не може да ги троши наплатените средства од договорот на казна, се’ додека Народната банка на РСМ/Трезор, не ги распредели средствата согласно Закон. Дури тогаш, Општина Центар смее да ги користи средствата, токму за се’ што е наведено во видео изјавата на Антоанета Трајковска од ВМРО – ДПМНЕ.

Општина Центар е единствената општина која не должи средства и редовно ги сервисира своите обврски и должности. Во буџетот на Општина Центар вратени се средства во износ од 2.5 милиони евра, по основ на договорни казни, банкарски гаранции и пресуди. И тоа: 2.301.715,00 денари од Град Скопје и Музеј на Град Скопје, потоа, 1.297.050,00 денари од ќебапчилницата Кај Злате, од Министерството за транспорт и врски вратен е долг во износ од 5.141.462,00 денари. Од страна на Пелагонија АД Гостивар повратен е износ од 94.184.098,00 денари, од Друштвото за производство промет и услуги Риком Дооел увоз – извоз во износ од 3.242.607,50 денари, како и наплата на договорни казни од договори за отуѓување на градежно земјиште со јавно наддавање во износ од 6.149.420,00 денари со Макоил Дооел, Камфуд Дооел Скопје во износ од 1.651.320,00 денари, Елан-Пропертис Дооел во износ од 6.979.500,00 денари и други.

Дополнително се водат судски спорови во износ од над 3.5 милиони евра кои преку правни механизми ќе бидат вратени на граѓаните и ќе бидат инвестирани во нови капиталани проекти во Центар.

Општина Центар продолжува и понатаму да работи одговорно и транспарентно во интерес на жителите и да го задржи статусот на најнезадолжена општина, со вратени долгови и кредити од страна на претходните градоначалници и владејачки гарнитури.

„Воедно, би сакал да ја поканам госпоѓата Трајковска, да повели во просториите на реконструираната урбана заедница Дане Крапчев во КСП – Центар Јадро и да поразговараме за новиот проект за рециклирање и новите повратни вендинг машини на територијата на Центар, каде општината ги субвенционира граѓаните во иснос од 12 милиони денари, за целосно реконструираниот објект Пепелашка на градинката Р. Ј. Корчагин, за првото и најмодерно изградено основно училиште во Капиштец по цели 50 години. Потоа, завршена е доградбата во ООУ „Гоце Делчев“, целосно е обновена фасадата и кровот во ООУ „Димитар Миладинов“, целосна е реконструирана улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир маало и започнавме со реконструкцијта на најголемата сообраќајница во Дебар маало, улицата „Орце Николов“. И на крај, обезбедивме донација на 60 статични и преносни компјутери за учениците од основните училишта во Центар за следење онлајн настава, обезбедена од општествено одговорни компании и партнери на општината, во време на светската пандемија со вирусот Ковид – 19“ – изјави градоначалникот

Слични содржини