Вакцината Спутник V ќе чини помалку од 10 долари во странство, за Русите бесплатна

од Stefanija Kuzmanovska
369 прегледи

Доза од потенцијалната руска вакцина „Спутник V“ против коронавирус во странство ќе чини помалку од десет долари, пренесува „Анадолија“. Во соопштението на Фондот за директни инвестиции на Русија се дадени информации за цената на вакцината на која работи Националниот епидемиолошки и микробиолошки центар Гамалеја.

Цената на една доза на вакцина на меѓународниот пазар, која треба да биде достапна од февруари 2021 година, ќе биде под 10 долари.

„Цената на двете дози потребни за вакцинирање на едно лице ќе биде под 20 долари“, се вели во соопштението.

Вакцината ќе биде бесплатна за руските државјани.

Исто така се тврди и дека ефикасноста на вакцината „Спутник V” е над 95 отсто.

Во исто време, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека епидемиолошката состојба се влошува и дека здравствениот систем е значително оптоварен.

 

Слични содржини