Спасовски: Ние сме надлежни заедно со заедницата да овозможите услови за примена на сите човекови права и слободи

296 прегледи

Ние како претставниците на клучните институции заедно со општествената заедница сме одговорни за овозможување на услови за практикување на сите човекови права и слободи, работиме во насока на препознавање на родово базираното насилство и насилството врз жената, негово навремено детектирање и активен однос при преземање мерки за негова превенција, порача Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Имено, тој на натанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“, посочи дека истиот има за цел подигање на општествената свест и поттикнување на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, во организација на Министерството за труд и социјална политика.

„Тоа е така не само поради веќе воспоставениот концепт за нулта толеранција, туку и поради повеќе од очигледниот факт дека оваа социодевијантна појава има потенцијал за крајно деструктивни рефлексии врз директните и индиректните жртви од овој вид насилство“, посочи Спасовски,

Министерот додаде дека прашањето е особено значајно во периодот на пандемија, што подразбира воведување на рестриктивни мерки кои произлегуваат од кризната состојба, пред сѐ поради ризикот проблемот да добие нагорни тенденции.

Според него, родово базираното насилство кое што, од кривично-правен аспект, но и од аспект на полициската практика, претставува преовладувачки мотив во делот на семејно насилство, е предизвик со којшто сите модерни општества сериозно се занимаваат.

Во своето излагање, министерот предочи дека институциите во тесна соработка со граѓанскиот сектор, континуирано работат да создадат предуслови за ефикасна превенција, преку детекција и демистификација на сите причинители за појава на овој сериозен проблем. Смета дека координираниот пристап на посветени институции, со воспоставени и јасни процедури за работа, продуцира ефикасен одговор на овој предизвик.

„Репресивното постапување на полицијата, како легален и легитимен одговор, согласно законските надлежности и полициските овластувања, е извонредно значајно. Но, уште поважно е системското превентивно делување, како резултат на заедничкиот координиран пристап на институциите, со цел да обезбедиме уште поголема ефикасност во спречување на родовото насилство и насилството врз жената. Впрочем и оваа кампања, што денеска стартува, треба да ја исползуваме како еден од инструментите што ни стојат на располагање во насока на превенирање на родово базираното насилство“, нагласи Спасовски.

Слични содржини