175
Јапонското Министерство за здравство денес потврди дека 2.530 лица се разболеле во последните 24 часа, што е најголем дневен биланс на новозаболени лица од почетокот на пандемијата на коронавирус во таа земја.
Рекорден е и бројот на 23 починати пациенти од Ковид за еден ден, објави Си-Ен-Ен.
Од почетокот на пандемијата, потврдени се 142.789 случаи на Ковид-19 и 2.087 смртни случаи меѓу заразените во Јапонија.
Досега се опоравиле 116.778 пациенти со Ковид, а 453 се во критична состојба.
Особено е тешко во главниот град на Јапонија, во Токио, каде се регистрирани рекордни 570 нови случаи во последните 24 часа, вкупно 39.649 од почетокот на пандемијата, и 488 починати пациенти.