ВМРО ДПМНЕ ќе го блокира Скопје: Бараме итна оставка од Заев

185 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за најави протест со блокада на Владата и Министерството за надворешни работи, започнувајќи од 12:30 часот завршувајќи во 14:00 часот. ВМРО-ДПМНЕ, предводен од Христијан Мицкоски бара оставка од премиерот Зоран Заев и тој јавно да каже за што тајно се преговарало овој викенд во Софија.

Денес е време на историски моменти.

Денес се моменти кога се одлучува за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава.

ВМРО-ДПМНЕ бара од Зоран Заев јавно да каже за што тајно се преговараше овој викенд во Софија. Заев  продолжи за најважните работи да молчи и преговорите за идентитетот, јазикот историјата ги крие од јавноста.

Денес да излеземе заедно и да кажеме доста е на Зоран Заев. Доста ја распродава нашата историја, време е Заев да стане историја.

Денес е денот кога треба да сме масовни и гласно да зборуваме.

ВМРО-ДПМНЕ ве повикува денес (01.12.2020) масовно без разлика на политичката припадност, без разлика на верската и етничката припадност од 12:30 завршувајќи во 14 часот да се приклучиме на протестите кои што се натпартиски, обединувачки и гласно да зборуваме.

Заедно да победиме во спасот на македонската иднина и иднината на македонскиот народ. Да порачаме заедно оставка на Заев, слобода на народот.

Слични содржини