Нова ковид-болница во Мадрид, градоначалникот вели дека таа е вистинско чудо на денешницата

од Nikola Popovski
446 прегледи

Јавната болница Изабел Зендал, изградена за рекордно време, била отворена денес во Мадрид, во атмосфера на жива полемика.

Болницата е вистинско чудо на денешницата, изјавил конзервативниот градоначалник Хозе Луис Мартинез Алмеида по повод свеченото отворање на болничкиот комплекс, кој е изграден за помалку од три месеци.

Простор за илјада пациенти

Зафаќа површина од 80.000 квадратни метри и ќе може да прими илјада пациенти во три згради со високи и широки стаклени sидови зад кои сè уште може да се видат кабли обесени од таванот.

Објектот ќе го олесни остатокот од здравствениот систем во Мадрид што товарот во првиот бран на пандемијата ковида-19 доведе до тоа дека изложбениот салон на градот се претвори во привремена болница.

Болницата ќе ги прими своите први пациенти веќе следната недела, изјави Енрике Руиз Ескудеро, шеф на здравствениот регион во Мадрид.

„Залудни трошоци“

Но, пред болницата, лоцирана недалеку од меѓународниот аеродром Мадрид-Барахас и автопатот, се собрале неколку десетици вработени во болницата и неистомисленици, и покрај големиот број полицајци, за да го осудат проектот како бескорисен, и дека чини двојно повеќе од планираниот буџет. Вкупните трошоци се зголемени на најмалку 100 милиони евра, според привремените податоци објавени од властите.

„Креветите во другите болници се неискористени, а парите потрошени на оваа болница можело да се искористат за работи што навистина се потребни, како што се системи за следење контакти, персонал и опрема“, изјави за АФП Олга Алварез, лабораториски техничар во болница во Мадрид.

„Оваа зграда е залуден трошок“, додала медицинската сестра Алма Бланко.

„Имаме болници со 690 кревети кои се празни поради недостаток на персонал, ова е глупост“, посочила таа.

Во Шпанија, една од најтешко погодените од пандемијата во Европа, повеќе од 45 000 луѓе починаа, а над 1,6 милиони се заразени со корона од март досега.

Слични содржини