Во колумната под наслов „Ставот на бугарскиот шовинизам во македонското прашање“, поранешниот шеф на грчката дипломатија, професор по меѓународни односи и член на движењето „Прато“, Никос Коѕијас пишува за бугарското вето, ги анализира, но и ги критикува барањата и позициите на Софија, а ги коментира и ставовите на дел од грчките десничари и радикални десничари.
-Сериозен проблем се создаде во нашиот регион, поради шовинистичкото откопување на македонското прашање од радикалните националисти од Бугарија.Игнорирајќи ја историската реалност, шовинизмот што произлегува од мрачните години на бугарската окупација, сака Славомакедонците повторно да ги именува Бугари. Останат е во ерата на крвно- генетските определувања на нациите и не сфаќа дека нациите денес се културно-политички субјекти со конкретни права во однос на нивните институционални системи. Нема разбрано дека огромното мнозинство на Славомакедонците и уште повеќе секој Албанец од Северна Македонија или Влав со грчка свест, никогаш не би прифатиле да се сметаат за Бугари, пишува Коѕијас .