Позната руска манекенка, која е препознатлива по црвената коса, е уапсена за убиство на нејзиниот сопруг. Таа се правдала пред полицијата дека делото го сторила во „налет на љубомора“ и „гнев“.
На Лилија Судакова (26) и се заканува затворска казна од 15 години по страшното злосторство. Руската убавица е обвинета за убиство на сопругот Сергеј Попов (28) затоа што тој „флертувал“ со жена што ја донел дома од кафеана.
Била „љубоморна“ и „огорчена“, а по кавгата дошло до физичка пресметка, па тој бил прободен во срцето, беше наведено на суд.
Но, нејзината мајка Ирена Судакова (48) тврди дека нејзината ќерка била малтретирана многу години и дека го извршила злосторството во самоодбрана.
Манекенката се појави на насловната страница на руското издание на списанието „Вог“ и во списанија во Италија, Кина и Јапонија, додека нејзиното лице е користено и за рекламирање на руска марка за облека.
По убодот, Судакова брзо повикала брза помош и Попов бил пренесен во болницата каде починал. Таа признала дека со нож го прободела сопругот со кој била во брак четири години и веднаш им соопштила на истражителите дека тоа било во налет на љубомора. По признанието, таа беше обвинета за убиство и и беше наметнат притвор од два месеци.
Lilia Sudakova, 26, is accused of killing 28-year-old Sergey Popov, who is reported to have brought home a woman he met at a bar and demanded that his wife cook for the couple. Lilia Sudakova, 26, is accused of murdering Sergey Popov, 28, after "flirting" https://t.co/6dR92ReOK6 pic.twitter.com/0UMP1qUWk3
— Trending News (@wikiagebio1) December 2, 2020
Мајката на осомничената за локалните медиуми изјави дека пијаниот Попов ја донел дома жената што ја запознал во бар и очекувал неговата сопруга да му готви.
„Ја фатил за коса и ја удрил во нога“, рече мајката, повикувајќи се на друг сведок во станот. Тој се повлекол, но се вратил додека таа сечела зеленчук за салатата.
„Ја фати за коса. Во тој момент таа замавна и случајно го прободе“, рече нејзината мајка.
Наводно, манекенката првично сметала дека раната е „само расекотина“, рече таа.
“Кога сведокот влезе (во кујната), виде што се случило. Ќерка ми се тресела. Лилија беше жртва, тоа беше самоодбрана. Ова беше толку болна љубов. Сè се случи случајно, тоа беше несреќа“, вели Ирена Судакова.
Таа рече дека Попов ја претепал Лилија неколку пати кога бил пијан и дека таа претрпела физичко и психичко малтретирање од негова страна.
Пријателката на Лилија, стилистката Каролина Павловскаја, исто така рече дека Лилија била жртва на малтретирање.
„Таа беше скршена девојка со прекрасен изглед, но празна одвнатре“, рече таа