Ангелов: Не можат да ме обвинат за воено профитерство

207 прегледи

Директорот на Главниот штаб на ЦУК, Стојанче Ангелов, во своето гостување во Студио 10, вели дека не е воен профитер и објасни какви се капацитетите, но и која е процедурата за склучување на договори со приватните здравствени установи.

„Нашата полиција и војска даваат сигурност на нашите граѓан. Ние преговараме со приватните здравствени установи. Имено, Венко Филипче ги води овие установи. Но, верувам дека сите технички пречки кои моментално постојат ќе бидат надминати, па оттаму потоа Главниот штаб ќе види што е договорено, и ќе ги одобриме, па ЦУК ќе ги потпише договорите со приватните болници.

Во овој момент имаме доволно капацитет на тестови, а она за што мислите дека ќе бидам обвинет за воено профитерство, тоа не е така, бидејќи јас имам доволно образование и искуство да знам што потпишувам. Приватните установи во овој момент можат ако сакаат и 10.000 денари да ги направат тестовите за Ковид 19“, вели Ангелов.

Според Законот, Филипче само преговара со приватните установи, но се одредува процент кој државното здравство ќе издвои средства за приватните установи, потенцираше Ангелов, на новинарско прашање.

 

Слични содржини