ХОПС: Ја поздравуваме одлуката на ОН за препознавање на медицинската вредност на канабисот

403 прегледи

Обединетите Нации на предлог на Светската Здравствена Организација вчера конечено ја препознаа медицинската вредност на канабисот. Со историското гласање, канабисот е повлечен од листа 4 – листа на супстанции со мали или без терапевтски бенефиции.

ХОПС- Опции за здрав живот Скопје како организација која долги години учествува во работата на Обединетите Нациии преку разни тела и комисии за дроги ја поздравува оваа одлука и смета дека таа ќе придонесе за подобрување на здравјето на многу луѓе, а вооедно ќе озвозможи и значајно забрзување на сите клинички испитувања за лековитата моќ на канабисот.

Сакаме да потенцираме дека оваа историска одлука можеше да биде уште поголема ако ОН изгласаа и повлекување на канабисот од листата 1 – листа на строго контролирани супстанци. За жал овој пат тоа не се случи, па канабисот и понатаму се класифицира како супстанца со висок ризик на зависност и останува во рамките на истите строги меѓународни норми за контрола кои важат и за хероинот.

Сепак процесот на менување на меѓународните закони е започнат и прашање на време е кога големите промени ќе се случат. Гласањето за декласификација на канабисот од листата 4 беше многу тесно, бидејќи 27 држави гласаа за , 1 држава беше воздржана а 25 држави гласаа против. Согласно ова, неопходно е ваквата одлука на ОН соодветно да се инкорпорира и во нашето национално законодавство.

Слични содржини