Фејсбук им објави војна на теориите на заговор за вакцините против Ковид-19

од Nikola Popovski
184 прегледи

Фејсбук во четвртокот објави дека ќе блокира лажни и научно неосновани тврдења за вакцината против Ковид-19, по примерот на Јутјуб, што го стори тоа во октомври.

Станува збор за проширување на постојните правила на технолошкиот гигант од САД против дезинформации за пандемијата на коронавирус, известува Ројтерс.

Фејсбук се одлучи на овој потег по веста дека наскоро ќе започне вакцинацијата против Ковид-19 низ целиот свет.

Најмасовната вакцинација досега

Две фармацевтски компании, Фајзер и Модерна, побараа од американските власти итно одобрување на нивните вакцини.

Велика Британија ја одобри вакцината Фајзер во средата и поведе пред остатокот од светот во трката да се започне веројатно најмасовната вакцинација во историјата.

Идеолошки разновидни групи шират дезинформации за вакцините на социјалните мрежи низ целата пандемија, вклучително и испитувањето дека се спроведува врз луѓе без нивна согласност.

Слични содржини