Во рамки на Пандемијата од Ковид 19 и секојдневните информации кои кружат за кривата на смртност и високите бројки на заболени лица во земјава, се родија сомнежи за релевантноста на информациите.
Имено, некои од медиумитер заради посетеност и читаност, конкретно дел од веб порталите, според информациите вадат стари вести за смртност од Ковид 19 и ги пласираат како најнови случувања.
Како дел од таквите наслови издвојуваме:
„Коронавирусот зема уште една жртва: Почина младо момче од Куманово без никакви претходни заболувања“, објави денеска порталот Press24.mk во 12:16ч.
И останатите медиуми подоцна ја пласираа истата вест, а информацијата за МКД.мк е потврдена од Министерството за здравство, но дискутабилно е кога ова се случило, односно денес пласирана вест случена на 31.10.2020. година.