Хоспитализиран пациент агресивно се однесувал во ковид-центар

од Nikola Popovski

Кумановец заразен со Ковид-19 предизвикал проблеми во болница, па полицијата морала да интервенирала со заштитни одела, соопштуваат од МВР.

„Полиција со заштитна медицинска облека била принудена да интервенира во ковид-центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“, поради тоа што на 3 декември пациент агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал. Било констатирано дека пациентот е 60-годишниот С.В. од Куманово, кој не сакал да ги пушти медицинските лица да влезат во неговата болничка соба. По полициската интерценција лицето се смирило, а службениците направиле записник за констатиран прекршок по член 4 од ЗППЈРМ“, велат од МВР.

Кумановецот ќе остане на понатамошно лекување во центарот.

Слични содржини