Пентагон не соработува со Бајден

од Vladimir Zorba
321 прегледи

Администрацијата на Трамп одби да им дозволи на членовите на преодниот тим на новоизбраниот претседател Џо Бајден состанок со членовите на разузнавачките служби на САД контролирани од Пентагон, поткопувајќи го трансферот на власта од поранешната на администрацијата што доаѓа.

Ова значи дека луѓето на Бајден немаат пристап до водачите и информациите на Националната агенција за безбедност (НСА) и Агенцијата за воено разузнавање (ДИА) и другите воени шпионски служби кои имаат глобални разузнавачки податоци.

Трамп во изминатите десет дена ја отстрани целата водечка структура на Пентагон, предводена од министерот за одбрана, Марк Еспер.

Одбивање да се соработува со Пентагон има и покрај тоа што тимот на Бајден оваа недела се состанува со цивилни разузнавачки агенции.

Трамп денес во Џорџија

Претседателот Трамп им помага на републиканците да освојат две сенаторски места во Џорџија денес, клучни за контролата на Сенатот.

Сепак, има многу републиканци загрижени за постојаните напади на Трамп врз изборниот систем што може да има негативно влијание врз изборите на 5 декември.

Две сенаторски места останаа празни бидејќи победниците на изборите на 3 ноември во Џорџија не беа познати поради малата разлика во гласовите, па затоа нови избори мора да се одржат на 5 јануари 2021 година.

Зошто Трамп собира пари?

Трамп собра 207 милиони долари преку електронска пошта испратена до неговите симпатизери по претседателските избори,

Неговиот тим испрати скоро 450 вакви пораки по изборите и прашање е како ќе се користат тие пари, освен за тужбите за наводна изборна измама кои не дадоа никаков резултат.

Слични содржини