ВМРО-ДПМНЕ ја нарекоа „соросова“ студијата која посочува дека сеизвор на лажни вести

од Nikola Popovski
126 прегледи

„СДСМ не запира да ги злоупотребува имињата на ЕУ и европските институции. Наводната студија на која се повикуваат не е став на ЕУ, туку соросова студија која самата е лажна вест“,  реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„СДСМ не запира да ги злоупотребува имињата на ЕУ и европските институции. Наводната студија на која се повикуваат не е став на ЕУ, туку соросова студија која самата е лажна вест. Заев и СДСМ со злоупотребата на наводната студија потврдија дека се фабрика за лажни вести. Наместо фабрика за работа тие се фабрика за криминал и лажни вести. Заев рајхт се легитимираше како главен лажливец. Заев и СДСМ лажеа дека се затворени сите отворени прашања со соседите. Сега гледаме дека лажеле“, стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев и СДСМ лажеле дека ќе направат 600 километри автопат за еден мандат, дека ќе добиеме датум во март, па во мај, па во октомври, дека платите ќе бидат 30.000 денари, дека платите на лекарите ќе бидат 100.000 денари и дека не преговараат за идентитетот.

„Заев и СДСМ излажаа за сѐ што кажаа. Заев и СДСМ се најголем извор на лажни вести“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини