Царовска на онлајн тирбина на Форум на жени на СДСМ: Во имплементацијата на Истанбулската конвенција сме пред повеќе европски држави

241 прегледи
Ние како влада ја надминавме онаа реченица, дека сите многу се загрижени, сите многу зборуваат за насилство врз жените, но ништо не прават, туку дејствуваме да го намалиме насилството со мерки за детекција и заштита, рече потпретседателка на СДСМ Мила Царовска на онлајн трибината под мотото „„Молкот НЕ е решение“, што се одржува во рамките на 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата, во организација на Форумот на жени на СДСМ.
Вистински промени во општеството се постигнуваат во образовниот систем, воведувањето на сексуално образование е вистинска инвестиција за заштита од насилство, за родова рамноправност, истакна Царовска, додавајќи дека сексуалното образование се воведува како пилот проект во 4 училишта.
Во новата концепција за основно образование, сексуалното образование нема да биде издвоен предмет, туку ќе биде проткаен нив сите општествени и природни науки и идните генерации ќе се изложат на овие теми значајни теми за градење на едно толерантно ненасилно и мултикултурно општество, порача Царовска.
Во врска со Истанбулската конвенција, Царовска рече дека во изминатите три години беше развиена мрежа на услуги, со која нашата држава е пред повеќе европски земји и земји членки на ЕУ.
Горди сме на ратификацијата на Истанбулската конвенција и кога 2021 година ќе се прави проверка на нејзината имплементација ќе бидеме успешни и пред повеќе европски држави, кои се уште дискутираат дали ратификацијата била правилен чекор, истакна Царовска.
Како партија покажавме прогресивност, дека знаеме да се носиме со тешки теми, дека табу темите насилство и нетолеранција ги претвораме во прифатени теми, за подобар живот за сите и во наредниот период ќе имаме поголеми постигнувања да го спречиме молкот и идните генерации да живеат во подобро општество, на поинаков толерантен и ненасилен начин, нагласи потпретседателка на СДСМ Царовска.

Слични содржини