Американската држава Џорџија ги потврди резултатите од претседателските избори од 3 ноември, на кои победи демократот Џо Бајден во таа држава, објави секретарот на Џорџија, Бред Рафенспрингер, пренесува Ројтерс.
Потврдата на резултатите од изборите следеше по рачното пребројување на гласовите, што го побара ревизорот и изборната кампања на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, според агенцијата.