Масовната вакцинација против коронавирус започна во Русија, изјави во вторникот шефот на Федералната служба за надзор на заштита на потрошувачите и благосостојба на граѓаните (Роспотребнадзор), Ана Попова.
– Масовната вакцинација започна во земјата по налог на рускиот претседател; сè е подготвено – рече Попова за радио станицата „Комсомолскаја правда“.
Русија во последните 24 часа евидентира нови 26.097 нови случаи на коронавирус, а 562 лица на кои претходно им беше дијагностициран коронавирус починаа во истиот период, според сојузниот штаб за одговор на коронавирусот во соопштението издадено во вторникот, објави руската новинска агенција „Интерфакс“.