Списанието „Форбс“ ја објави листата на 100 најмоќни жени во светот, на кој германската канцеларка Ангела Меркел се наоѓа на првото место десетта година по ред.
На второ место е шефицата на Европската централна банка, Кристин Лагард, а на трето е Камала Харис, новоизбраната потпретседателка на САД.
Првата жена, првата афро-американка и првата азијка која е потпретседател на САД за првпат се нашле на листата на најмоќни.
Десет шефови на држави
На четвртото место е претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а на 18-то место е директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.
Најмоќните жени на 17-тата годишна листа на Форбс доаѓаат од 30 земји, а меѓу нив има и 10 шефови на држави и 38 од деловниот свет, пишуваат светските медиуми.
Тука се и сопругата на милијардерот Бил Гејтс, Мелинда Гејтс, ТВ sвездата Опра Винфри, кралицата Елизабета Втора, претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, премиерката на Нов Зеланд, Jaсинда Ардерн и пејачките Ријана и Бијонсе.