Османи:Блиска соработка со двете претседателства на ОБСЕ пред преземањето на претседавањето во 2023

223 прегледи

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, оствари средба со амбасадорите на Шведска и Полска во Република Северна Македонија, Кристин Форсгрен Бенгтсон и Војтек Тучински, чии земји претседаваат со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2021 и 2022 година.

,,Подготвени сме за блиска соработка со двете претседателства во следниот период, во функција на успешно надминување на предизвиците по прашањата на европската безбедност, вклучително и од аспект на пандемијата која има големо влијание врз економскиот развој и социјалната кохезија, како важни детерминанти на демократската безбедност”, истакна Османи.

Министерот Османи, заблагодарувајќи се за дадената поддршка на двете земји за кандидатурата на Република Северна Македонија за претседавање со ОБСЕ во 2023 година, ја реафирмираше определбата на Република Северна Македонија да даде свој придонес за зајакнување на мултилатерализмот, дијалогот и соработката помеѓу 57 земји-учеснички на Организацијата во функција на имплементацијата на заложбите и обврските преземени од сите земји во рамките на ОБСЕ.

Слични содржини