Руски доктори од Ставрополскиот крај направиле лек кој ја сузбива активноста на Ковид 19, а лекот е испитан во институтот „Гамалеј“, соопштува Министерството за здравство во тој регион.
„Група доктори од градската клиника во Пјатигорска направија лек кој ја сузбива вирусната активност на Ковид 19. Токсичноса и антивирусната активноста на лекор веќе е испитана во Центарот за квалитет на имунобиолошки лекови веќе е испитана во Центарот за контролата на квалитет на имунобиолошките лекови во Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, „Гамалеј“ при Министерството за здравство на Русија“, се наведува во соопштението.
Според податоците од Министерството за здравство, испитувањата докажале дека при доза од 1мг/мл вирусното оптеретување се намалува за 5,3 до 13 пати во споредба со контролната група заразени ќелии на кои не бил лекот делотворен.
Се истакнува дека методот на лечење кои го предложуваат руските доктори е познат како „антисенс терапија“ и е заснован на блокирањето на PHK вирусот.
Како што се објаснува РНК во човечката ќелија секогаш се состои од еден ланец и за секоја нејзина функција е неопходно таа да остане едноланчана. Поради тоа е наједноставен начин да се наруши нејзината работа со додавање на друг ланец.
„Што се однесува на лекувањето од Ковид 19, докторите од Пјатигорска одбраа неопходен антисенс ланец за блокирање на РНК вирусот со САРС-ЦоВ-2“, се наведува во соопштението од Министерството.
Се истакнува дека истражувачката група моментално преговара со фармацевстските компании и државните фондови за ризичен капитал, чија работа е поврзана со финансирањето на нови руски лекови, за да постои можност да се започне и фазата на претклиничко испитување.
„Студијата на доктори од Пјатигорска влева надеж дека ќе настане ефикасен лек против Ковид 19“, стои во заклучокот.