Во 2020 година убиени се 42 новинари ширум светот

од Nikola Popovski
149 прегледи

Ширум светот, 42 новинари и други медиумски работници се убиени во 2020 година, а повеќе од 200 билезатворени затоа што ја завршиле својата работа, објави во четвртокот Меѓународната федерација на новинари (IFJ).

Извештајот е објавен во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права.

Според IFJ, повеќето новинари биле убиени во Мексико, 13 од нив, а земјата се најде на чело на неславната листа по четвртипат во последните пет години.

Пет новинари бile убиени во Пакистан, а по тројца во Авганистан, Индија и Ирак и Нигерија.

Федерацијата на новинари, која обединува 600.000 членови во 150 земји, предупредува и на голем број затворени новинари, честопати без обвинение.

„Овие податоци фрлаат светлина врз сериозните злоупотреби на владите кои сакаат да избегнат каков било повик за одговорност пред јавноста и да ги затворат новинарите и да им ги негираат правните постапки“, изјавил претседателот на IFJ, Јонес Мјахед.

„Неверојатниот број наши колеги во затворите „е отрезнувачки потсетник за цената што ја плаќаат новинарите ширум светот за да ја откријат вистината од јавен интерес“, додал тој.

Слични содржини