Лидерите на ЕУ постигнаа договор за буџетот

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Постигнат е договор за прашањето на повеќегодишниот заеднички буџет и Пакетот за опоравување, потврди претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел.

Мишел, кој е претседател на состанокот на лидерите на ЕУ27 во Брисел, на својот профил на Твитер изјави дека сега може да започне со спроведување на буџетот и работата на опоравување на европските економии.

Во претходниот период, Унгарија и Полска го блокираа буџетот на ЕУ за следните седум години и пакетот за опоравување во вкупна вредност од 1,825 милијарди евра поради спротивставување на новиот механизам што го условува финансирањето од буџетот со почитување на владеењето на правото во земјите-членки.

Пред состанокот, Германија, како земја претседавач со Советот на ЕУ, претстави компромисен предлог што гарантира правична примена на механизмот, вклучително и проценка на Судот на правдата и можност за жалба до Европскиот совет на земјите против кои механизмот може да биде покренат.

Доаѓајќи на денешниот самит, повеќето лидери, вклучително и унгарскиот премиер Виктор Орбан, изразија очекување вечерва да биде постигнат договор за механизам за следење на владеењето на правото, а со тоа и деблокирање на важениот буџет за опоравување на ЕУ од последиците на пандемијата.

Слични содржини