Со доктор Сашко Николов ќе продолжи развојот на Штип кој се случува во последните три години, порача вечерва генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното вклучување на социјалните мрежи. Николовски се осврна на проектите што локалната и централна власт ги спровела во Штип во последните години.
-Со брза динамика се гради експресниот пат Штип-Радовиш, се доврши изградбата на автопатот Штип-Радовиш, каде затекнавме огромни проблеми, се гради и експресниот пат до Кочани. Овде во Штип по неколку децении се изгради нов мост, по неколку децении се изгради и детска градинка, Штип го заокружи процесот за гасификација, којшто е еден од најбитните проекти и сега треба да заврши постапката за секондарна мрежа. СДСМ и Владата покажаа дека Штип е навистина битен, центар на Истокот и ќе продолжиме да вложуваме во овој град, а успесите ќе продолжат само со Николов како градоначалник, порача Николовски.