Бајден ја повика американската јавност да верува во вакцината

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, денес изјави дека американската јавност треба да има доверба во вакцината против коронавирусот, која може да биде достапна наскоро.

Бајден рече дека борбата против пандемијата е „сериозна работа“ за која е потребно „претседателско раководство“.

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) вчера, со огромно мнозинство, ја поддржа итната употреба на вакцината против вирусот од страна на „Фајзер“, така што земјата сега е на само еден чекор од вакцинацијата што може да ја запре епидемијата во која почина близу 300.000 Американци.

Вакцинацијата може да започне за неколку дена, во зависност од тоа колку брзо ФДА реагира на препораката на Советодавниот одбор.

Бајден ја повтори својата оптимистичка изјава дека целта е 100 милиони луѓе да бидат вакцинирани во првите 100 дена од неговиот мандат.