Градоначаникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, во разговор за Локално посочи дел од проблемите кои се решаваат во општината, а кои се од висока важност за граѓаните, како и тоа во каква состојба ја преземал функцијата во 2017. Година. Најави дека е завршена првата фаза од донесувањето на ДУП-от во индустриската зона Визбегово, и кои се проектите кои се опфатени со последната фаза од програмата непосрено пред крајот на мандатот во општината. Исто така, како актуелна тема, поразговаравме и за Ковид кризата, и мерките кои Бутел ги презема за безбедност и заштита на своите граѓани.
Запрашан за тоа во каква состојба била општината кога ја преземал функцијата градоначалник, Смилевски вели:
-Со моето превземање на Општина Бутел беше утврден кредит од 65 милиони денари, и 16 милиони денари наплатени аванси за комуналии, а состојбата на жиро сметка беше 18 милиони денари.
Констатирано беше и дека неодамна, во јавност проструи информација дека не е реализиран еден од предизборни проекти, односно изградба на поликлиника во Општина Бутел. Па градоначалникот Смилевски одговори дали ова ќе биде реализирано до крајот на мандатот
„ Со оглед на тоа што од претходното раководство никаде не се планирале поликлиниката и амбуланта, ние во моментот работиме на ДУП и за брзо време ќе имаме поликлиника во близина на Општина Бутел. Во програмата е внесена изградбата и очекуваме дека во 2021 ќе се почне со изградба“, вели Смилевски.
Што се однесува до промената на ДУП-от пак, предвиден за индустриската зона Визбегово, Смилевски посочува дека на истиот се работи веќе 2 години, а контактирани се и сите стопанственици. Според него, финализирана е првата фаза која опфатила јавна анкета, по која се пристапува кон барањата на стопанствениците, по што ќе биде испратен во Градот Скопје.
Познат проблем на мештаните на Општина Бутел е застарената атмосферска канализација , и во една прилика Смилевски напомена дека дел од неколку населби по надлежност на Општината немаат вода за пиење, односно користат бунари. Оттаму го запрашавме дали овие проекти се реализирани , или пак се во тек и кои делови од Општината се опфаќаат со оваа реконструкција, на што тој вели:
„Во моментов се работи на решавање на проблемите , како за постоечка така и за поставување на нова атмосферска канализација на територија на Општина Бутел.“
Во време на Светска пандемија од Ковид 19 , познато е дека градоначаникот на Бутел, Велимир Смилевски имаше судир со оваа зараза, а градоначалникот сподели каква е статистиката во Бутел и што презема локалната самоуправа за балансирање,заштита и безбедност од вирусот.
Имено тој вели дека на самиот почеток на пандемијата , Општина Бутел имала поголем број на заразени. Општина Бутел превзема вели, низа мерки каде што помага на населението со храна и лекови, сите државни и јавни институции ,како и пазарите и автобуските постојки се дезинфицираат секојдневно.
Што се однесува до буџетскиот план предвиден за последниот период од мандатот и што опфаќа истиот, Смилевски вели:
-Во тек е изработка на буџетот и програма, и очекуваме дека до 25 .12.2020 ќе ги усвоиме. Она што Општина Бутел го планира како капитални инвестиции на нашата територија со Владата :
-Израдба на градинка во училишниот двор на ООУ Климент Охрдски
-Почеток на изградба на новото училиште во Визбегово-
-Почеток на изградба на поликлиника
и се разбира проекти со Град Скопје , целосно пуштање во употреба на бул.Босна и Херцеговина, и проширување на бул. Словенечка …
На самиот крај, Смилевски ни одговори и дали размислува за влегување во нова трка по нов мандат во општина Бутел. Имено, тој посочи дека партијата која стои зад него се уште не оддржала консултации на оваа тема, но кога истите ќе бидат завршени, тој самиот ќе ја информира јавноста за понатамошниот тек на настаните.
А.В.