Мицкоски: Слепа улица и блокада од источниот сосед, Бугарија

115 прегледи

„Денес видовме како треба да изгледаат лажните вести. Ова се најлошите 100 дена Влада. Добивме за 100 дена вето од Бугарија, влеговме во рецесија, пропадна банка, поскапе електричната енергија. Тука сме и со првиот криминал во државата. Им пречи што критикуваме во овие 100 дена. Заев ни одзема 4 години од нашите животи“, истакна Мицкоски осврнувајќи се на денешната прес конференција по повод 100 дена Влада, а продолжи, како што кажа со главната тема која ја наслови како „Слепа улица и блокада од источниот сосед Бугарија“.

„Загрижувачка е хазардерската изгра на Заев за јазикот и идентитетот. Едноставно доволно е да се одвојат 30 минути и да се погледнете интервјуто за БГНЕС. Нон пејпер документот се уште не се појави. Ние немаме информации што содржи документот на Заев. Исто така, премиерот потврди дека Борисов лобирал во рамки на македонско-грчкиот спор. За потсетување, Заев нема потреба на лидерска средба да каже што и како преговара“, истакна Мицкоски во своето излагање.

Слични содржини