Во Словенија беа потврдени 413 новозаразени со коронавирус во последните 24 часа, со помал број тестирани, а 44 лица починаа како резултат на КОВИД-19, соопшти денеска словенечката влада, откако олабави некои мерки, но повеќето останаа на сила.
И покрај сè уште тешката епидемиолошка состојба, од утре до 23 декември, одлуката на владата повторно ќе функционира јавен превоз во целата земја, иако во ограничена форма, а во некои региони се релаксираат мерките за забрана за движење и работа на услужните активности, пренесе Хина.
Во регионите каде епидемиолошката состојба е подобра, ќе биде дозволено движење на населението надвор од местото на живеење, но само за оние кои ја активирале апликацијата за снимање ризични контакти, додека сите други ограничувања донесени на крајот на октомври остануваат во сила до ново известување.
Мерките за целосно затворање остануваат во сила за трговијата, затоа се отворени само продавници за основни потреби. Во следната недела ќе бидат отворени автоперални, салони за автомобили, цвеќарници и фризерски салони, а во четири региони каде епидемиолошката состојба е подобра, ќе бидат отворени продавници за облека, обувки и спортска опрема.