Алармот за узбуна се огласил во американската база во Германија за време на воените вежби во Русија, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори во американската армија.
Како што се наведува, алармот се огласил во најголемата американска база во Европа, „Рамштајн“, како предупредување дека е испукана балистичка ракета.
Неколку минути владеела неизвесност, сè додека не се слушнал знакот за крај на узбуната.
Според прелиминарните информации, алармот бил вклучен откако разузнавачките сателити на САД забележале лансирање на ракетата кога четири ракети биле тестирани од руска подморница во Охотско Море.