Богојески: Говорот на омраза од страна на Захариева е скандал од меѓународни размери

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Петар Богојески од Македонски концепт јавно бара од МНР и Владата да се произнесат по искажаниот говор на омраза од страна на Бугарија и воедно МНР да побара објаснување од бугарскиот амбасадор во Македонија за говорот на омраза на бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева, која во последната изјава не нарекува северномакедонци.

-Ова е скандал од меѓународни размери. Таа со тоа не асимилира и го забранува нашето право на самоопределување. И ова не е прв пат да го слушнеме од највисокиот државен врв на соседна Бугарија, вели Богојески.

Повеќе од очигледно, додава тој е дека Бугарија го менува наративот со цел продлабочување на проблемот, откако САД и Европа јасно порачаа дека местото на Македонија и е во Европската унија.

Слични содржини