Навални сака што побрзо да се врати во Русија: „Имам работа“

од Nikola Popovski
154 прегледи

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални планира да се врати во Русија, но сето тоа зависи од лекарите кои го следат неговото закрепнување.

„Како планирам да се вратам? Купувам билет, се качувам во авион и летам за Шереметјево (аеродром во Москва)“, изјавил Навални за радиото „Ехо на Москва“.

Тој додал дека „има работа“ во Русија, но дека не може точно да каже кога ќе дојде, бидејќи тоа зависи од докторот.

„Бесмислено е да се зборува за рокови, бидејќи ни самиот не знам. Јас редовно правам некои анализи, луѓето ја следат динамиката на моето закрепнување и е многу побрзо отколку што сите очекуваа. Правам сè за да се вратам што е можно побрзо“, потенцирал Навални.

Тој додак дека не може да учествува на изборите за Државната дума, бидејќи тоа му било забрането.

Да потсетиме, Навални моментално е во Германија каде се лекува, откако беше отруен со отровот „новичок“ во Омск.

Слични содржини