Лавров: Инцидентот во Сараево е порака од надворешни играчи

од Nikola Popovski
275 прегледи

Министерот за надворешни работи Сегеј Лавров посочи дека не го смета инцидентот во Сараево за важен за руската политика и развојот на односите и истакна дека одлуката не е донесена самостојно, туку станува збор за пораки од надворешни играчи.

„Политичарите кои ја донесоа таа одлука не се независни, тие очигледно работат по нечиј налог и не ги изразуваат интересите на своите гласачи, туку интересите на надворешните сили кои не се заинтересирани западен Балкан да го искористат правото на заемно корисна соработка. Се сеќавам дека Федерика Могерини рече: Тоа е зона на интерес на ЕУ и дека сите други, вклучително и Русија, немаат што да прават таму. Тоа е филозофија која е вкоренета уште од колонијалното време, но неопходно е да се спротивставиме на тој менталитет“, рекол Лавров.

Членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, ја бојкотираа средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Сараево денес и изјавија дека тоа го сториле бидејќи, како што тврдат, рускиот функционер не ги почитувал институциите и Уставот на БиХ.

Слични содржини