Македонија се соочува со последиците од политиката на актуелната власт која ги урна преговарачките позиции на државата создавани во изминатите децении, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат.
Тој вели дека следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ би го напуштила договорот со Бугарија во случај бугарската страна да не отстапи од своите позиции на, како што рече, „асимилација на овој народ“.
Говорејќи за спорот со официјална Софија, Мицкоски рече дека досега неколку пати апелирал до премиерот Заев да не се носат брзоплети решенија.