Повторно проблеми со Gmail

од Vladimir Zorba
360 прегледи

Откако услугите на Google пред неколку дена не беа достапни околу половина час, само Американците сега имаат проблем со Gmail.

Корисниците можат да пристапат до нивните поштенски сандачиња, но добиваат разни „пораки за грешки, нивната е-пошта се вчитува подолго време и се соочуваат со други проблеми поврзани со Gmail“, објави Google на својата официјална веб-страница.

Downdetector покажува проблеми со Gmail, но најмногу во Америка и на помали места во Европа.

Во текот на попладневните часови „Stadiа“, платформата на Google, исто така имаше проблеми, но останува нејасно дали овие пречки се поврзани со тоа. Корисниците на „Stadiа“ не можеа да пристапат до некои игри.

Google објави дека проблемот со „Stadiа“ е решен и дека „корисниците можат да се вратат на играње игри“.

Слични содржини