Во рамки на настанот посветен на донацијата на компанијата „Макстил“ наменета за целосно реновирање на одделот на неонтологија, при Клиниката за педијатрија, денес своја благодарност за истата испратија министерот за здравство, Венко Филипче и директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова.
„Би сакал да изразам благодарност до компанијата „Макстил“ кои во последните месеци покажаа голема општествена одговорност и ги понудија своите ресурси за потребите на одделот за Педијатрија односно неонтологија каде се сместуваат најмалите по раѓањето, односно за постинтензивно лекување“, посочи министерот Филипче.
„Ние како менаџмент сакаме да се заблагодариме посебно на „Макстил“ и нивната донација во однос на комплетното реновирање на овој оддел“, истакна Аспазија Софијанова.