Поранешен амбасадор на Ватикан осуден на 8 месеци условна казна за сексуални напади врз мажи

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Поранешниот амбасадор на Ватикан во Франција, Луиџи Вентура беше осуден во Париз на осум месеци затвор за сексуални напади врз пет мажи во 2018 и 2019 година додека ја извршувал својата дипломатска должност.

Кривичниот суд го прогласи поранешниот свештеник (76) за виновен по сите обвиненија и исплата на 13.000 евра за морална штета на жртвите и 9.000 евра за судски трошоци, пренесе „Индекс“.

Аферата, која избувна во февруари 2019 година, во време на бројни сексуални скандали на Католичката црква, го наведе Светиот Престол да го укине имунитетот на апостолскиот нунциј, што е прв ваков случај во модерната историја на Ватикан.

Истрагата започна по извештајот на градското собрание на Париз, кога еден од вработените во три наврати предупредил за „раце на задникот“ за време на церемонија.

Потоа уште четворица мажи пријавија слично однесување на Луиџи Вентура помеѓу јануари 2018 и февруари 2019 година.

Слични содржини