На денешната прес конференција посветена на 100 дена Влада, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски даде свој отчет за сработеното во изминатиот 100 дневен мандат.
„Посветено градиме безбедна институција, која работи и на полицијата какогарант за безбедноста на граѓаните. Приоритет беше Ковид 19 пандемијата, за работа за изез од кризата без поголеми последици. Со преземените мерки се донесе до почитување на протоколите од страна на граѓаните. Следуваа контроли во угостителски објекти, како и контроли за заштита и безбедност од Коронавирусот. Создадовме безбедни средини за граѓаните, пресликан во сообраќајот. Во изминатиот период забележавме значителен процент на незгоди, тешки телесни повреди и прекршоци во сообраќајот.Воспоставивме и оперативни акции за сузбивање на недозволената трговија со дрога. Исто така се сзубиени криминални групи кои недозволено тргуваа со кокаин. Само ефикасна полиција, испорачува резултати, особено важни се и резултатите при сузбивање на трговија со оружје“, посочи Спасовски во дел од своето експозе.