Јорданов бара одговори од Филипче за инспекцискиот исход за пациентката од Берово

329 прегледи

Министерот за здравство во Штип беше пречекан, со порака за потсетување за состојбите во градот.

Имено, Иван Јорданов посочи дека Венко Филипче е должен да објасни за исходот на инцпекцискиот надзот во Клиничката болница во Штип, по смртта на пациентката од Берово.

„Филипче мора да ни ги соопшти наодите на специјалната комисија за начинот на третман на пациентката!

Филипче оваа посета може да ја искористи и за да објасни, зошто неговата Влада потроши милион евра за организација и поткуп на изборите, кога истите можеа да бидат употребени за завршување на Клиничка болница?!

И наместо да промовира нешто за кое се зборува од јуни оваа година, за овие неколку непродуктивни месеци, можеше да направи обид на граѓаните од Источниот регион да им го даде она за кое копнеат со години – нова и модерна Клиничка болница!“, стои во соопштението на Јорданов.

Слични содржини