Спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 18 часот

320 прегледи

Во спортските обложувалници на членките на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ), почнувајќи од денес, 18 декември, по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалаци.

„Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме“, истакнуваат од АСОМ и додаваат дека спортските обложувалници доследно се придржуваат до протоколите за работа и сите мерки кои досега ги донесе Владата во насока на превенција и заштита на здравјето на граѓаните.

АСОМ информира дека сите објекти на спортските обложувалници кои се членки на асоцијацијата, на 31 декември ќе работат до 19 часот.

Слични содржини