Не само усгостителските објекти, туку и јога студио не ги почитувало протоколите препишани од Владата.
Синоќа, во центарот на Скопје, инспекторите и полицијата влегле во јога студио каде имало повеќе од 25 лица што полуголи вежбале јога и го затвориле студиото.
Директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски, потврди дека три угостителски објекти работеле по 23 часот, поконкретно 2 часа надвор од законски пропишаното време,додека пак во јога студиото е констатирано групирање.
Пауновски вели дека голем број угостителски објекти низ цела земја не ги почитуваат мерките на Владата и работат после дозволеното време. Ги заклучуваат кафулињата, гасат светло и седат во мрак, притоа служат пијалоци и храна, а во некои случаи и полицијата ги штити сопствениците на локалите.
„Таков случај имавме синоќа со кафулето ‘Три кичен бар‘ каде гости имаме околу 22.30 часот. Кога инспекторите дојдоа пред вратата гостите избегаа во клубот ‘Станица 26‘ бидејќи има пристап дирекно. Но, наши инспектори отидоа и од таа стана и кога влегоа внатре затекнаа 30 лица. Исто се случува и со кафулето ‘Мош‘ синоќа имаше гости после 23 часот, а газдите се жалат дека сме биле селективни“, вели Пауновски.
Директорот смета дека со сега поригорозните санкции до 30.000 евра во рок од три дена во вид на платен налог, кои казнетите се обврзани да ги платат, треба да проработи свеста кај сите и конечно да се почитуваат протоколите.
Инаку, сопствениците претходно, трипати биле предупредувани дека не смеат да ги прекршуваат мерите за заштита од коронавирус.