Реконструиран булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп

од Vladimir Zorba
359 прегледи

Градежната офанзива не запира, реконструираниот булевар „Гоце Делчев“ во Прилеп е најмодерна градска сообраќајница, кој граѓаните го очекуваа долги години, сподели премиерот Зоран Заев.

„Прилепчани треба да се гордеат со овој булевар, кој е современ, со пешачки и велосипедски патеки, со по две коловозни ленти во двата правци, меѓусебно одделени со зелен појас, во кој е поставено осветлувањето.

Многу е важно што Општина Прилеп не дозволи ситуацијата со коронавирусот да ја запре реализацијата на проектите што локалната самоуправа ги предвидела во интерес на граѓаните.

Како Влада продолжуваме со инвестирање во инфраструктурни проекти во сите општини“, истакна тој.

Слични содржини