Нетанјаху вакциниран за време на пренос во живо (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше вакциниран против коронавирус денес во директен телевизиски пренос.

Така тој стана првиот израелски и еден од првите светски лидери кои примиле вакцина против Ковид-19.

Израел утре треба да започне со вакцинирање на своите здравствени работници и жители на старечки домови. Нетанјаху рече дека сака да биде првиот примател во земјата кој ќе даде „личен пример“ и ќе ги охрабри Израелците да го сторат истото, пренесува АП.

„Верувам во оваа вакцина“, рече тој пред да добие доза од вакцината „Фајзер“ во медицинскиот центар Шеба во близина на Тел Авив.

Слични содржини