Османи ја заокружи работната посета на Виена со средбата со Едштадлер

133 прегледи

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, работната посета на Република Австрија ја заврши со средбата со министерката за Европска унија и Устав на Република Австрија,  Каролине Едштадлер.

Како и на сите средби претходно, во фокусот на разгворите беа европската интеграција на Северна Македонија, добрососедските политики, внатрешно – политичката состојба во земјата, регионалната соработка, како и за други актуелни регионални и меѓународни прашања.

„Надворешната политика на Австрија отсекогаш придавала особено значење и поддршка на трансформацијата на земјите од Западен Балкан, а особено на политиката за проширување на Европската Унија со овие земји. Австриската перспектива, дека постои само една опција за Западниот Балкан, а тоа е целосна европска интеграција на регионот, за нас е голем стимул да не отстапуваме од стремежите за остварување на стратешките цели на земјата: постигнување и одржување на добрососедски односи и непоколеблива посветеност кон членството во ЕУ“, истакна Османи.

Османи по интензивната агенда со посетата на земјите–членки на ЕУ од поширокото соседството на Западниот Балкан, Чешката Република, Романија и Унгарија, мини – турнејата на поширокиот регион ја заврши  со плодни и успешни посети на Република Австрија. Целата турнеја на Османи беше успешна, особено ако се има во предвид фактот дека од страна на сите соговорници беше обезбедена цврста и принципиелна поддршка за понтамошниот тек на европските интеграции на земјата, преку брз и неодложен старт на преговорите со Северна Македонија и одржување на Првата меѓувладина конференција. Османи од своите колеги-хомолози доби уверување дека преговарачкиот процес не смее да се билатерализира, туку напротив да биде алатка која ќе ја искористи земјата да ги совлада сите реформи и да стане европска демократија со сите параметри.

Слични содржини