Напаѓач убил тројца полицајци кои излегле на терен поради повик за семејно насилство во мало село во Франција.
Полицијата се обидела да ѝ помогне на жена која се искачила на покривот на семејна куќа во малото село Сент-Жист за да му избега на напаѓачите.
За 48-годишниот осомничен малку се знае, освен што тој ѝ е познат на полицијата уште од претходно, поради старателството над детето.
Градоначалникот на Сен Жист, Франсоа Шаторе за весникот „Фигаро“ изјавил дека куќата е изгорена, а полицијата се обидува да утврди дали осомничениот е сè уште внатре или успеал да избега.
Министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин изрази сочувство до нивните семејства, пријатели и колеги во полицијата, додавајќи дека мажот осомничен за убиството на тројцата полицајци во централна Франција е пронајден мртов.
Тој соопшти дека овој случај уште еднаш на каков ризик се изложени полициските службеници секој ден, додека ја вршат својата работа.
Четвртиот полицаец бил ранет во ногата и не бил во опасност по живот.