Истражување во Косово: Самоопределување ќе победи на изборите

од Nikola Popovski
256 прегледи

Резултатите од неодамнешно истражување покажале дека новите парламентарните избори во Косово ќе ги добие Движењето Самоопределување, односно дека ќе освои 55 места во Собранието.

Истражувањето спроведено од компанијата „УБО Консалтинг“ покажало дека Демократската партија на Косово ќе освои 19 места, Демократскиот сојуз на Косово 18, Алијансата за иднината на Косово осум места, објавено е во емисијата „Рубикон“ на порталот „Кљан Косова“.

Како што се наведува, доколку изборите би се одржале оваа недела, 46,2 проценти од граѓаните би гласале за Самоопределување, за ДПК 16, за ЛДК 14,9 а за Сојузот за иднината на Косово, седум проценти од гласачите.

Најголема поддршка би добил Албин Курти од Самоопределување – 44 проценти, Вјоса Османи и Енвер Хоџај по 11 проценти, Авдулах Хоти 12 проценти, додека Рамуш Харадинај би добил шест проценти од гласовите.

Истражувањето е спроведено во периодот од 14 до 21 декември.

Слични содржини